Надал стигна до деветиот трофеј во Рим: Ѓоковиќ немаше никакви шанси против разиграниот Шпанец (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Рим, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 (6-0, 4-6, 6-1) и така го одбрани трофејот освоен претходната година.

Надал уште еднаш докажа зашто е „крал на земјината подлога“, а со играта што ја прикажа во финалето потсети на своите најдобри денови. Шпанецот одигра неверојатно во првиот и третиот сет кој ги доби убедливо, против најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ. Србинот не беше толку лош, колку што добар беше Надал кој покажа дека е подготвен за Ролан Гарос. Што се однесува до меѓусебниот скор сега е 28-26 во корист на Ѓоковиќ, а шанса за нов дуел ќе имаат токму на Ролан Гарос.