Надал со мала „помош“ од небото стигна до трофејот во Рим

Рафаел Надал по осми пат во кариерата го освои мастерс тенискиот турнир во Рим, откако во големото финале денеска го совлада бранителот на трофејот Александар Зверев во три сета. 

Шпанецот беше фуриозен во првиот сет и славеше со 6-1. Потоа Зверев се разбуди и освои девет од следните 12 гема, за да го добие вториот сет со 6-1 и да поведе со 3-2 во решавачкиот сет.

Надал беше во проблеми, но го спаси дождот, кој го прекина финалето. По паузата, Шпанецот се врати на најдоброто и ги освои следните четири гема за да триумфира со 2-1 во сетови (6-1, 1-6, 6-3)

Со оваа победа Надал од утре повторно се враќа на првото место на АТП ранкингот, откако една недела приматот го имаше Роџер Федерер.