Надал повторно одигра три сета и мина во четвртфиналето во Барселона (ВИДЕО)

Рафаел Надал го совлада Кеи Нишикори со 6-0, 2-6 и 6-2 и стигна меѓу најдобрите осум тенисери на турнирот во Барселона. 

Шпанецот на овој турнир сега има искор од 63 победи и само четири порази. Во четвртфиналето Надал ќе ги одмери силите со Камерон Нори, откако Давид Гофан го предаде мечот поради повреда во вториот сет. 

Андреј Рубљов не го играше својот најдобар тенис, но сепак успеа да се пласира во четвртфиналето по триумфот од 6-4, 6-7 и 6-4 против Алберт Рамос-Вињолас. Негов следен ривал повторно ќе биде Јаник Синер, кој изненадувачки го совлада Роберто Баутиска Агут со 7-6 и 6-2.

Вториот носител Стефанос Циципас со 7-5 и 6-3 го совлада Алекс де Минаур и во четвртфиналето ќе се сретне Феликс Ожер-Алиасим.