Надал: Полесно е да одбраниш пенал, отколку да вратиш сервис на Карловиќ!

Шпанската тениска суперѕвезда Рафаел Надал објави како според него би изгледал совршениот тенисер, па меѓудругото ја изнасмеа целата јавност кога дојде до изборот за најдобар сервис.

За совршениот тенисер според Надал, би требало да го има бекхендот на Новак Ѓоковиќ, форхендот на Роџер Федерер, брзината на Гаел Монфилс, сервис на Иво Карловиќ, а да го има неговото срце. Плус да е физички подготвен како Доминик Тием и да има став кон тенисот како Давид Ферер.

И откако го склопи совршениот тенисер, образложи зошто Карловиќ е најдобар во сервис.

„Неговите сервиси не може да ги вратиш. Топката оди далеку, лета насекаде. Побрзо би одбраниле пенал, отколку да вратите сервис на Карловиќ“, рече Надал.