Надал по 14-годишна врска се венчаше со Марија (ФОТО)

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал вчера се венчаше со Марија Франциска Парељо Циска, со која претходно беше 14 години во врска.

Церемонијата на венчавката и свадбената веселба ја одржаа на Мајорка во замок од 17. век, кој се смета за најскапо приватно сопствеништво во Европа.

Цел настан беше затворен за јавноста, па на гостите на свадбата не им беше дозволено да влезат со мобилни телефони.

Меѓу гостите беше и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос и неговата сопруга, како и многу тенисери, меѓу кои и Фелисијано Лопез, Марк Лопез, Давид Ферер, Карлос Моја...