Надал откри кога се враќа на тениските терени

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се рехабилитира од повреда и ќе биде подготвен за настап на Австралијан Опен, кој се игра од 14 до 27 јануари 2019 година.

Вториот тенисер во светот го пропушти финишот на сезоната поради повреда на коленото, кога се откажа на полуфиналето на Ју-Ес Опен во текот на мечот со Хуан Мартин дел Потро.

„Во контакт сме со Надал, подготвен е да се врати во врвна форма“, кажа Крег Тили, директорот на грен-слемот во Мелбург.

Надал во финишот на сезоната поради отсуството му го препушти првото место на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој сега има 1.565 бодови повеќе од големиот ривал.