Надал нема да учествува на еден од гренслем-турнирите!?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кажа дека не би играл на Ју-Ес Опен во Њујорк, доколку мора во моментов да реши за неговото учество на турнирот.

Надал тренира во Шпанија, а за медиумите го коментираше одржувањето на гренслем-турнирот во Њујорк, но и на останатите тениски турнири.

„Ако ме прашаат денеска, јас би кажал дека нема да играм во Њујорк. А ако ме прашате за неколку месеци? Не знам. Се надевам ека ќе играм. Но мора да почекаме уште некое време за да знаеме како ќе се развива ситуацијата. Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Надал.

Тениските натпреварувања се прекинати во март поради пандемијата на Ковид-19, а тенис нема да се игра до крајот на јули.