Надал и Ѓоковиќ потсетија на старите времиња - Шпанецот подобар и ќе игра финале

Како во старите добри времиња! Шпанецот Рафаел Надал успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ и да се пласира во финалето на Мастерсот во Рим.

Навивачите на Форо Олимпико денеска можеа да уживаат во врвен тенис. Долгите поени со многу силни линии и топчињата кои паѓаа на самите линии потсетија на старите натпревари помеѓу овие двајца тенисери.

Денеска славеше Надал со 2-0, по сетови 7-6 и 6-3, а сега севкупниот скор помеѓу овие двајца тенисери е 26-25 во корист на Србинот.

Надал во финалето го чека подобриот од дуелот Марин Чилиќ (Хрватска)-Александар Зверев (Германија).