„Надал и Ѓоковиќ се добри, ама трибините до крај ги полни само - Федерер“

Тенисот е еден од најскапите спортови на светот, вртоглави суми добиваат играчите на „белиот спорт“, а секако дека играч кој привлекува највеќе внимание а воедно и највеќе заработува е Роџер Федерер. Швајцарецот не игра на сите турнир, а на тие што ќе ги одбере бара по милион евра за да настапи. 

Во јавноста излезе информација дека Федерер бара највеќе пари за учество на тениските турнир, а бидејки на организаторите тој им е најсиплатлив тие секако прифаќаат. 

„ Роџер Федерер бара милион евра. Минатата година поради својот вообичаен распоред настапи на турнирите во Штутгард, Базел и Дубаи. Надал и Ѓоковиќ се нешто поефтини, бараат 880 илјади евра“ откриваат тениските коментатори.

Организаторите на сите турнири низ светот се свесни дека кога го имаат Федерер највеќе им се исплати,  тој им е „ас во ракавот“ дека сигурно ќе добијат полни сали на неговите натпревари.

„ Реално е дека Ѓоковиќ и Надал не можат до крај да ги наполнат салите, Федерер тоа го прави без никакви проблеми. Ако тој дојде, тогаш сигурно имате распродаден турнир, секако се исплати да вложите пари на негово доаѓање“, завршија луѓето кои цело време ги пратат случувањата во тенисот.