Надал го „жртвува“ Ју-Ес опен поради турнирот во Мадрид!?

Шпанецот Рафаел Надал индиректно најави дека нема да учествува на Ју-Ес опен. Тој на својот профил на Твитер потврди дека ќе учествува на својот омилен Мастерс во Мадрид.

Најпрво директорот на Мастерсот во Мадрид, Фелисијано Лопез потврди дека Надал ќе учествува на турнирот, а потоа и Шпанецот ја потврди информацијата.

Поради тоа што почетокот на Мастерсот во Мадрид  е закажан за 14 септември, а Ју-Ес опен трае од 31 август до 13 септември, најверојатно Надал ќе го „жртвува“ грен-слемот во Њујорк.