Надал го суреди Бердих, Тиафо го изненади Димитров

Рафаел Надал славеше убедливо против Томас Бердих во осминафиналето на Австралијан Опен со 3-0 во сетови (6-0, 6-1 и 7-6).

Шпанецот беше сигурен во првите два сета, а во третиот се соочи со голема конкуренција од Бердих, но сепак успеа да слави во тај-брејкот.

Григор Димитров беше изненаден од Франчес Тиафо, младата американска ѕвезда, кој триумфираше за три часа и 43 минути игра со 3-1 во сетови.

Тиафо го доби првиот сет со 75, па вториот во тај-брејк. Во третиот Димитров беше подобар во тај-брејк, но во четвртиот Американецот славеше со 7-5.