Надал гази сѐ пред себе во Монако: Најнова жртва е Тим!

Дека е вистински мајстор на земјена подлога, Рафаел Надал покажа во дуелот против седмиот тенисер на АТП листата, Доминик Тим.

Иако вчера Тим успеа да го расипе двобојот меѓу Новак Ѓоковиќ и Надал, сепак, денеска немаше шанси против „кралот на земјата“.

Шпанецот одлично го отвори дуелот против својот противник, па со три брејка на противнички сервис, стигна до 6-0 во првиот сет.

Во вториот сет беше јасно дека тенисерот од Австрија нема што да бара повеќе во Монте Карло, па со два брејка, Надал стигна до 6-2 во вториот сет и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот, каде што ќе се бори против Григор Димитров, кој претходно беше подобар од Давид Гофан.