Рафаел Надал не е како другите познати личности, кои при некои природни катастрофи или трагедии изразуваат подршка преку срцепарателни статуси на социјалните мрежи. Шпанецот е човек од акција, па така тој беше меѓу првите помагатели при природната катастрофа што го зафати островот Мајорка. 

Обилните врнежи на дожд придонесоа за одрон на земјиште, поплави и рушење на згради во градот Сант Лјоренка, кој се наоѓа близу до родното место на Надал, Менорка. Прогласена е тридневна жалост, откако десет луѓе загинаа, а илјадници останаа без покрив над главата.

Надал ја воодушеви цела Шпанија со тоа што дојде лично на местото на трагедијата, облече гумени чизми, стави ракавици и почна да помага во расчистувањето на пустошот што зад себе го остави невремето.