Надал без проблеми се пласираше во трето коло на Австралијан опен

Рафаел Надал немаше проблеми на денешниот меч на Австралијан опен против Метју Ебден, кој го совлада со 3-0 во сетови (6-3, 6-2 и 6-2).

Ебден играше сигурно на почетокот на првиот сет, па дури имаше и три брејк топки во седмиот гем, но не искористи ниту една. Затоа стигна казната од Надал, кој направи брејк во следниот гем и стигна до 6-3 во првиот сет.

Во вториот сет Шпанецот имаше многу полесна задача бидејќи направи два брејка и стигна до 6-2. Додека во третиот сет беше забележана „реприза“ на вториот сет и со 6-2 Надал стигна до третото коло во Мелбурн.