Мугуруза ја збриша Халеп за помалку од еден час и го освои Синсинати

Гарбиње Мугуруза е победничка на ВТА-турнирот во Синсинати, експресно совладувајќи ја во финалето Симона Халеп.

Шампионката од Вимблдон ја збриша Халеп со 6-1, 6-0 за само 56 минути игра. Првиот сет траеше само 23, со 15 неизнудени грешки на Халеп и само еден гејм, кој остана едиснтвен. Вториот иако беше десет минути подолг, во него Романката остана на нула.

Ако Симона Халеп победеше, ќе се качеше на првото место на ВТА-листата, но не успеа, веќе третпат оваа сезона. Досега играше за врвот на светот и во финалето на Ролан Гарос и во четвртфиналето на Вимблдон, но губеше од Остапенко, односно од Конта.

Мугуруза, пак, од утре ќе биде трета светска тенисерка и, веројатно, прв фаворит за освојување на УС-опен, последниот годишен грен-слем, кој почнува в понеделник. Ова е петта титула во кариерата на Мугуруза, втора оваа година.