Млада Американка спаси две меч-топки и ја шокираше Осака во Мелбурн

Третото коло на првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен, ни даде големо изненадување бидејќи шампионката Наоми Осака беше елиминирана од 20-годишната Аманда Анисимова во три сета со 6-4, 3-6 и 6-7.

Многумина очекуваа лесен триумф за јапонската тенисерка и дерби против Ешли Барти, но тоа нема да се случи затоа што Анисимова во тај-брејк на третиот сет ја исфрли големата ѕвезда.

Анисимова покажа дека е гладна за успех уште во вториот сет, кога направи брејк за водство од 3-1 против Осака, која потоа не можеше да се врати во игра и да направи чекор напред кон одбрана на титулата.