Млад тенисер по пораз му се закануваше на судијата: Ќе те убијам! (ВИДЕО)

Младиот италијански тенисер Џулио Цепјери предизвика скандал на еден турнир во Рим по поразот од Хуан Серудоло со 0-6 и 3-6.

Италијанецот почна да се кара со судијата, а тој го предупреди дека мора да внимава што зборува.

„Застани, застани. Тоа што го зборуваш нема да го разберам лично, но мора да размислиш пред да кажеш нешто“, кажа судијата.

Ова го налути италијанскиот тенисер, кој почна да му се заканува на судијата.

„Сакаш да се караме? Излези од теренот и ќе те убијам. Излези ако имаш храброст“, се закани тенисерот.