Медведев за караницата со судијата: Жал ми е, ама не можев да се контролирам!

Првиот носител на Австралијан опен, Данил Медведев славеше против големиот ривал Стефанос Циципас од Грција со 7-6, 4-6, 6-4 и 6-1, па така закажа натпревар против Рафаел Надал во финалето на Австралијан опен, меѓутоа за време на полуфиналето Русинот се скара и со судијата.

Русинот го навредуваше судијата, затоа што тој не го казнил Циципас додека комуницирал со татко му, иако такво нешто е строго забрането за време на натпреварите.

„Може да кажеме дека беше смешно, но бев нервозен. Не можев повеќе да се контролирам, на многу вакви натпревари губите концентрација во такви моменти. Кога почнав да играм лошо, мислев дека губам контрола, но за среќа успеав да се вратам“, вели Медведев.

Вториот тенисер во светот ќе се соочи против Надал од 9.30 в недела, а во случај на триумф ќе го преземе врвот од Новак Ѓоковиќ на АТП-листата.

„Постојано жалам за работите кои ќе ги кажам, знам дека секој судија сака да биде праведен. Во тенисот не се бориме со тупаници, но борбата е против друг тенисер. Поминав низ многу натпревари, а кога ќе ги погледнете моите дуели од пред пет години, може да забележите дека бев многу луд, затоа работам на тоа. Жал ми е поради караницата со судијата, но ја загубив контролата врз себе“, објасни Русинот.