Медведев направи скандал на ЛОИ: Кој ќе биде виновен ако умрам на терен?

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, но мечот против Фабио Фоњини го одбележа еден скандал кој се случи во вториот сет.

Русинот ги критикуваше организаторите поради терминот во кој се игра натпреварот, зашто температурата е над 30 степени.

Судијата во еден момент го праша Медведев дали е во ред, по што следеше одговор од нервозниот руски тенисер.

„Можам да го завршам мечот, но ако умрам, кој ќе биде одговорен за тоа?“, праша Медведев.