Медведев без мака избори осминафинале на Австралијан опен

Вториот носител на Австралијан опен, Данил Медведев се пласираше во осминафинале на турнирот во Мелбурн, откако славеше против Ботик Ван Де Зандшулп со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-4 и 6-2.

Русинот покажа од стартот на натпреварот дека неговата намера е јасна, а тоа е брз пласман во следното коло, па тргна со два брејка во првиот сет за водство од (1-0), по што продолжи да игра сигурно и без многу грешки славеше за еден час и 55 минути.

Во осминафиналето ќе се соочи против Максим Креси, кој го победи Крис О’Конел со 3-1 во сетови, односно 6-2, 6-7, 6-3 и 6-2. Тоа ќе биде незгоден противник за Русинот затоа што минатата година успеа да го елиминира Карено-Буста од Ју-Ес опен.