Медведев бесен на условите - му се пушти на судијата: Ако умрам, вие ли ќе одговарате?

Рускиот тенисер Данил Медведев кој го мина Фабио Фоњини во три сета на олимпискиот тениски турнир на ЛОИ во Токио со 6-2, 3-6, 6-2, бесно реагираше кај судиите и организаторот за условите за игра и жегата која во колапс ја турна шпанската тенисерка Паула Бадоса.

Уште на првиот ден од турнирот прв на ненормалните услови и претоплото време се пожали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој посочи дека не разбира зошто не се смени саатницата за тенисер(к)ите да добијат понормални услови, а сега нема кој не реагира на условите и настапите по екстремни услови.

„Јас можам да го завршам мечот, ама... Ако умре кој ќе одговара? Вие ли ќе преземете одговорност?“, го праша Медведев, главниот судија на мечот.

После победата, Русинот жестоко нападна и еден новинар на пресконференцијата, кој му постави провокативно прашање, по кое Медведев збесна.

Новинарот го праша Медведев „како се чувствува со фактот дека руските спортисти носат стигма на измамници на ЛОИ поради скандалот со систематскиот допинг“.

„Првпат во животот нема да одговорам на прашање. Треба да ви е срам! Треба под итно да бидете тргнати од ЛОИ и овој човек повеќе не сакам да го видам“, рече Медведев.