Матиќ со писмо до Ноле: Не се извинувај, глувците ќе се вратат во своите дупки набрзо!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се соочува со огромни критики од светската јавност во последните денови, откако објави дека има позитивен тест на коронавирус, поради кој мораше да го прекине „Адрија Тур“.

Многумина го обвинија Србинот дека не бил одговорен, а во одбрана на неговиот сонародник застана српскиот фудбалски репрезентативец Немања Матиќ.

„Почитувани,

Гледам дека во последните денови се води хајка на Новак Ѓоковиќ, кој организираше турнир во Белград, иако според законите на државата тоа беше регуларно и тој беше организиран на високо ниво. Покрај тоа, глувците излегоа од дупките и си дадоа за право да го критикуваат најдобриот тенисер во светот. Но, не се грижам јас за тоа. Многу брзо мачката (Ноле) ќе се врати на теренот, а глувците во дупките. Турнирот беше одличен и се надевам дека ќе стане традиционален, зашто нашиот тенис тоа го заслужува. Не, Ноле. Не се извинувај, тие треба тебе да ти се извинат.

Голем поздрав за сите луѓе од Манчестер“, порача Матиќ.