Марин Чилиќ се повлече од Вимблдон

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ нема да настапи на Вимблдон, бидејќи е позитивен на Ковид-19. 

Тој моментално се наоѓа во самоизолација и веста дека не може да настапи на грен слемот ја потврди преку социјалните мрежи. Чилиќ требаше да стартува со натпреварите утре, кога во 1.коло за противник го имаше Мекензи Мекдоналд. 

Замена за Чилиќ во 1.коло ќе биде Нуно Борхес, кој е лаку лузер од квалификациите.