Мареј удри по Австралиецот: Кирјос не е добар за тенисот!

Поранешниот прв рекет во светот, Британецот Енди Мареј, го прокоментира инцидентот кој го направи контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, на мастерот во Синсинати.

Имено, Кирјос на мечот против Карен Хачанов повторно ја покажа својата некултура па во неколку наврати го навреди судијата, за што доби казна од 113.000 долари.

Мареј, кој инаку има одличен однос со Кирјос, вели дека реагирал веднаш по мечот и се надева дека ваквото однесување веќе нема да се повтори.

Не е убаво од него, не требаше така да се однесува кон Фергус Марфи. Разговарав малку со него по мечот, минатата недела во Вашингтон направи многу добра работа и се хранеше со енергија од трибините. Но оваа недела продолжи по старо. Треба да се надеваме дека Кирјос ќе го реши проблемот што го има, затоа што оној Ник од Вашингтон е добар за тенисот, но не и овој од Синсинати, изјави Мареј за Би - Би - Си.

Австралискиот тенисер е казнен парично, но му се заканува и долга суспензија затоа што има покренато постапка против него.