Мареј пред нов турнир во сингл: Потребно ми е време за да се вратам во форма

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј се надева дека ќе одигра неколку меча во сингл-конкуренција на турнирот во Винстон Сејлем.

Британецот по долга пауза се врати во сингл-конкуренција на Мастерсот во Синсинати, но загуби во првото коло од Ришар Гаске со 4-6 и 4-6.

Во Винстон Сејлем го очекува нов предизвик, а во првото коло ќе игра против тенис Сандгрен.

„Сите натпревари се тешки. Свесен сум дека ми е потребно време за да се вратам во форма, со оглед на тоа колку бев на пауза. Немам големи очекувања“, вели Мареј.