Мареј побара жестоки казни за тенисерите кои ќе ги прекршат протоколите!

Ју-Ес Опен се очекува да почне на 31 август и тоа бара сериозна организација и нови правила и протоколи кои мора да се почитуваат во Њујорк.

Британскиот тенисер Енди Мареј зборуваше за следниот гренслем-турнир и кажа дека треба да се санкционираат тие што ќе ги прекршат протоколите.

„Мислам дека поголем дел од тенисерите ќе ги почитуваат правилата, но има и такви кои ќе ги прекршат. Го забележавте тоа и во НБА-лигата и мислам дека тоа се случи во голфот. Мислам дека казните треба да бидат сериозни, зашто на крајот ги ризикувате сите кои се учесници на турнирот“, кажа Мареј.