Мареј ја мина првата пречка на Вимблдон

Енди Мареј победнички стартуваше на Вимблдон откако го елиминираше Џејмс Дакворт во четири сета во рамки на премиерното коло. 

Двократниот шампион на грен слемот го загуби првиот сет со 4-6, но потоа се врати со 6-3, 6-2 и 6-4 за прогрес во втората рунда.

Следен ривал на Британецот ќе биде дваесетиот носител Џон Изнер, кој денеска играше пет сета против квалификантот Енцо Кукод.