Мареј го одложува враќањето на теренот поради правилата на АТП

Англичанецот Енди Мареј ќе се врати на теренот по Ролан Гарос, зашто правилата на АТП не му дозволуваа да го направи тоа и пред вториот гренслем-турнир во сезоната.

Поранешниот најдобар тенисер во светот, не играше од Вимблдон минатата година, а според првиот план, требаше да се врати на турнирите во Глазгов и Лафборо.

Сепак, правилата на АТП не дозволуваат да го направи тоа, а потоа да прескокне настап на Рола Гарос, па затоа Мареј ќе може да настапи на Хертоденбош на 11. јуни.

Мареј во јануари го оперираше колкот, а поради пропуштените турнири во моментов се наоѓа на 34. позиција на АТП-листата.