Мама Серена уште не е подготвена: Венус подобра во сестринскиот дуел!

Серена Вилијамс отпадна по три меча на Индијан Велс и тоа од сопствената сестра, Венус. 

Враќањето по бременоста беше успешно, но една тазе мајка и не може да очекува повеќе од трето коло на турнир како Индијан Велс. Серена не можеше да ѝ се спротивстави соодветно на сестра си и загуби со 3-6, 4-6 првпат по 2014 година.

Сега скорот во нивните натпревари е 17-12 за Серена, а интересно е тоа што во тие 29 дуели, ова беше прво соочување на Индијан Велс воопшто.

Во следното коло Венус ќе игра против Алесија Севастова, која ја елиминира 12-тата светска тенисерка, Јулија Гергес (6-3, 6-3). Изненадувања направи Карла Суарез Наваро од Шпанија, совладувајќи ја четвртата носителка, Елина Свитолина (7-5, 6-3).