Инцидент во Мелбурн: Надал со неконтролиран удар погоди девојче директно во – глава (ВИДЕО)

Рафаел Надал без проблеми се пласира во третото коло од првиот годинешен гренслем-турнир Австралија опен, откако во чисти три сета го совлада Аргентинецот Дел Бонис и тоа по два ипол часа игра.

 

 

Овој меч, сепак, нема да биде запаметен по триумфот на поранешниот најдобар светски тенисер, туку по инцидентот што се случи пред крајот, кога Шпанецот во обид да врати сервис на противникот со неконтролиран удар погоди едно од девејчињата кои ги собираат топчињата директно во главата. Тој веднаш со трчање отиде до девојчето да провери како е, а откако виде дена е сѐ во ред тогаш ја бакна во знак на извинување.