Македонските тенисерки со триумф го почнаа Фед-купот!

Македонските тенисерки со победа го почнаа ФЕД-купот, откако денеска славеа со вкупни 3-0 против Конго во Хелсинки, Финска.

Првиот поен за Македонија го донесе Магдалена Стоилковска, која славеше со убедливи 6-2 и 6-3 против Глори Мфумангана, додека во вториот меч најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја победи Виктори Мфумангана со 6-0 и 6-1.

Ниту во мечот во двојки немаше дилема за победникот бидејќи дуото Ѓорческа и Стоилковска ги победија Глори и Виктори со 6-4 и 6-0.

Нашите тенисерки утре ќе играат против Косово во второто коло.