Македонските тенисерки ја запишаа и втората победа на Фед-купот!

Македонските тенисерки славеа во третиот меч од Фед-купот и тоа против Алжир со 3-0 во Хелсинки, Финска. Тие така го запишаа и вториот триумф во Групата 3, откако претходно беа подобри од Конго со 3-0, а загубија од Косово со 1-2.

Магдалена Стоилковска го освои првиот поен за Македонија, откако успеа да слави против Инес Бекрар со 3-6, 6-3 и 6-0, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше убедлива против Јасемин Бужади со 6-1 и 6-0.

Во конкуренција на двоки, нашите тенисерки Ѓорческа и Стоилковска беа подобри од Бекрар и Бужади со 6-1 и 6-2, па така ја запишаа и втората победа за македонската селекција.

Тенисерките наредниот меч го играат утре против Кипар.