Мајката на Ѓоковиќ реагира: Страшно е ова што му го прават, докажаа дека им пречи!

Светските медиуми со бес ја дочекаа веста за позитивниот тест на Новак Ѓоковиќ на Ковид-19, по што не престанаа со обвинуваа кон српскиот тенисер, кој го организираше „Адрија Тур“.

Откако во јавност се појави таткото на Ѓоковиќ, сега реагираше и мајка му Дијана.

„Сите се чувствуваме добро, како и нив двајца. Тоа што Новак е позитивен, не значи дека е болен. Тој е млад и здрав човек. Притоа, мислам дека вирусот е при крај, не е силен како на почетокот. Страшно е тоа што се пишува за Новак, но ние навикнати сме на такви работи. Како едвај да дочекаа, очигледно им пречи Ноле“, кажа Дијана.