Луксуз: Станот на Федерер во Дубаи изгледа како од бајките (ФОТО)

Пред неколку дена беше откриено дека швајцарскиот тенисер Роже Федерер имал најголема заработувачка во 2019 година кога во прашање се сите спортисти, па затоа, за очекување е да поседува голем број на имоти во целиот свет.

Еден од најбогатите спортисти во светот инвестира пари во луксузни куќи, станови, вили, а она што го има во Дубаи е навистина неверојатно.

Луксузниот стан во Дубаи вреди дури 15 милиони евра, кој му е купен во 2014 година и се наоѓа на ексклузивна локација, има поглед на марината и се вика Ле Реве, односно Сан.

Станот има 570 метри квадратни, а само терасата изнесува 80 метри квадратни, со прекрасен поглед.

Внатре во станот има пет спални соби, од кои едната е апартман.