Луд меч меѓу Медведев и Надал: Шпанецот остана во игра за полуфинале на Завршниот турнир

Првиот светски рекет, Шпанецот Рафаел Надал, ја забележа првата победа на Завршниот мастерс во Лондон, откако во второто коло од групната фаза славеше во феноменачниот меч против Русинот Данил Медведев 6-7, 6-3, 7-6.

Во првиот сет и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а кога дојде време за тај-брејк, Русинот одигра одлично и го освои тринаесетиот гем со 7-3. Сепак, Шпанецот одигра далеку подобро во вториот сет и уште на стартот направи брејк, а потоа лесно ги добиваше своите сервиси. На крајот од овој сет само ги „загреа“ своите фанови дека може да дојде до победата на овој дуел. Но, тоа не се случи.

Русинот тргна фуриозно уште на стартот од третиот одлучувачки сет и со агресивна игра стигна до 4-0, па и 5-1, но Шпанецот се разбуди во преостанатиот дел од мечот. Прво успеа да спаси меч топка на свој сервис при 1-5, а потоа освои пет гема во низа за 6-5. Сепак, Русинот се избори за тај-брејк, но нервозата преовладуваше па го забуби тај-брејкот со 7-4.  Интересно е тоа што Медведев на овој натпревар имаше дури 21 ас, но ниту тие не му помогнаа да дојде до победата, додека Надал запиша само четири.

Надал во последното трето коло од групната фаза игра против Циципас и со евентуален триумф ќе обезбеди пласман во полуфиналето. Исто така ова е исклучително важна победа за Шпанецот, кога е во прашање задржувањето на првата позиција на АТП листата. Неговиот најголем ривал, Србинот новак Ѓоковиќ ќе мора да го освои Завршниот турнир доколку сака да направи скок на вечната листа, притоа Надал да не обезбеди финале, во спротивно Шпанецот ќе ја заврши годината како „број 1“.