Лондон може да го загуби Завршниот мастерс?

Лондон, Манчестер, Сингапур, Токио и Торино поднесоа кандидатура за организација на Завршниот мастерс од 2021 година.

Повеќе од 40 градови ширум светот изразија желба да го организираат тој турнир од 2021 до 2025 година, а АТП го скрати списокот на пет, меѓу кои е и Лондон, организатор на турнирот точно една деценија.

Сепак, Лондон има договор со АТП до 2020 година и веќе во март наредната година ќе се знае дали ќе остане организатор на Завршниот турнир или некој од преостанатите четири града ќе ја добие довербата.

Рекордер по бројот на титули на Завршниот турнир е Швајцарецот Роџер Федерер со шест, една повеќе од Новак Ѓоковиќ, Пит Сампрас и Иван Лендл.