Лина Ѓорческа извојува уште една убедлива победа на турнирот во Белград

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одлични настапи на турнирот во Белград, Србија, откако денеска забележа уште една победа на Источноевропскиот турнир, и тоа против Доротеја Јоксовиќ.

Лина доминираше во текот на целиот натпревар, а за тоа најдобро говори што на противничката и препушти само четири гема, и тоа во вториот сет. Првиот го доби со феноменални 6-0, додека во вротиот имаше малку потешка задача (6-4), но на крајот дојде до победата.

На македонската тенисерка и беа потребни само 60 минути да дојде до победата на овој дуел.