Квитова загуби од Свитолина, Плишкова подобра од Возњацки во Сингапур

Денеска беа одиграни два натпревари на завршниот ВТА-турнир во Сингапур, а до триумфи стигнаа Јелина Свитолина и Каролина Плишкова.

Свитолина доминираше во првиот сет против Петра Квитова, а со слична игра продолжи и во вториот сет, па на крајот стигна до лесен триумф од 6-3 и 6-3.

„Многу сум задоволна со својата игра, ова беше тежок натпревар поради тоа што многупати загубив од неа. Беше важно да играм максимално добро и успеав во тоа“, кажа Свитолина.

Во вториот натпревар Плишкова беше подобра од Каролина Возњацки со 6-2 и 6-4, но иако изгледа дека лесно стигнала до победата, сепак се водеше голема битка на натпреварот.