Ковид-19 му го уништи турнирот на Типсаревиќ: Откажани се голем број дуели!

Иако пред само два дена Јанко Типсаревиќ кажа дека нема намера да се откаже шампионатот на Источна Европа, сепак Ковид-19 успеа да направи проблеми и на тојтурнир.

Турнирот на кој учествуваат тенисери од Источна Еропа се одржува од 15 јуни на тениските терени на Академија Типсаревиќ, а последните дуели беа одиграни уште во четвртокот, зашто во претходните денови неколку тенисери имале позитивни тестови.

Ова не е изненадување, со оглед на тоа дека неодамна поради коронавирусот беше откажан и „Адрија Тур“, откако се заразија неколку тенисери, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ.