Корона-кризата ќе го остави победникот на УС-опен посиромашен за 850.000 долари

Тениската асоцијација на САД во пресрет на најавеното одржување на гренслемот УС-опен во Њујорк од 31 август до 13 септември, најавила дека поради коронакризата нема да го има полниот буџет и тој за седум отсто ќе биде скратен, па со тоа и шампионот ќе остане без комплетната награда.

Според организаторот буџетот за овој корона-гренслем ќе биде 93,3 отсто од вкупниот фонд во нормалната ера, па тој ќе изнесува 53,4 милиони долари, а шампионите на УС-опен ќе заработат по три милиони „зелени банкноти“, што е за 850.000 долари помалку од тоа што прваците освоија во минатата година.

Наспроти намалкувањето на приходот за титула, зголемена е само наградата за учество и тоа од 58.000 долари на 61.000 „зелени банкноти“, додека наградите за второ и трето коло останаа исти – 100.000 односно 163.000 долари.

Намалувањето следи потоа, за следната четврта рунда падот е од 280 илјади на 250.000, од половина милион на 425.000 за четвртфинале, а од 960.000 на 800.000 за полуфинале. Вицешампионот, пак, за настапот во финалето ќе загуби 400.000 долари бидејќи фондот е намален од 1,9 милиони на 1,5 милиони долари.

Големо намалување има и кај прваците во двојки, зашто таму до лани за освојување на пехарот заработката беше 740.000 долари, а сега е скоро за половона намалена – на 400.000 долари.