Класата е вечна: Федерер го збриша Ѓоковиќ за полуфинале во Лондон!

Швајцарецот Роже Федерер по 17-ти пат ќе игра во полуфиналето на завршниот турнир кој во последно време се игра во Лондон, откако вечерва, во два сета, како ретко кога претходно го преслуша големиот ривал Новак Ѓоковиќ (6-4, 6-3).

Ова беше можеби најдобриот меч на ветеранот годинава, во кој буквално сѐ му одеше од рака. Сервираше маестрално и ниту еднаш не загуби сервис, додека успеа да му направи три брејка на Србинот.

Од групата во која беа двајцата големи асови понатаму оди и Доминик Тим, кој претходно успеа да ги совлада и Федерер и Ѓоковиќ, но денеска неочекувано загуби од Италијанецот Бератини (0-2). Завршните мечеви во другата група се утре, по што ќе се знаат полуфиналните двојки на Мастерсот во Лондон.