Ќе биде епско финале: Ѓоковиќ во пет сета го доби Циципас и закажа дуел со Надал

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Роланд Гарос откако денеска во пет сета го совлада Стефанос Циципас. 

Србинот ги освои првите два сета доста убедливо со 6-3 и 6-2, а беше на дофат до победа во три сета. Водеше со 5-4 во третиот сет и сервираше за меч. Првиот светски рекет дури имаше и меч топка, што не ја искористи, па Циципас психолошки се врати во мечот. Го доби сетот со 7-5, а во следниот славеше со 6-4.

Во решавачкиот петти сет, Ѓоковиќ покажа зошто е најдобар во светот и славеше со убедливи 6-1 против Гркот. 

За српскиот тенисер ова ќе биде петто финале на Ролан Гарос, каде досега има освоено само една титула. Во мечот за трофејот, Ѓоковиќ третпат ќе се сретне со Рафаел Надал, кој пак денеска во полуфиналето со 6-3, 6-3 и 7-6 го победи Диего Шварцман.