Кирјос жестоко „удри“ по Ѓоковиќ: Тој има опасна болест...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос во една емисија имаше контроверзна изјава, која се однесуваше на најдобриот тенисер во светот во моментов, Новак Ѓоковиќ.

Кирјос во минатото не криеше дека Ѓоковиќ не му е омилен, но сега отиде чекор понатаму со своите тврдења.

„Ѓоковиќ има опасна болест, а тоа е да им се допадне на сите. Толку многу сака да им се допадне на луѓето, што не можам да го поднесам. Тој нема никогаш нема да биде најдобар во историјата. Ако не можеш да ме победиш, не можеш ниту да бидеш најдобар во историјата. Ако играм со него и го победам, тогаш ќе прославам пред него“, вели Кирјос.

Двајцата зад себе имаат два меѓусебни дуели, а двата ги доби Кирјос, па третиот меѓусебен меч би можеле да го играат во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, доколку стигнат до таму.