Кирјос удри и по татко му на Ѓоковиќ: Немој да бегате од одговорност!

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос повторно го критикуваше семејството Ѓоковиќ, а овој пат негова „жртва“ беше таткото на Новак.

Кирјос ја коментираше изјавата на Срѓан Ѓоковиќ, кој го обвини Григор Димитров за ширењето на Ковид-19.

„Не човеку, немој да бегате од одговорноста“, напиша Кирјос, кој е познат по неговите глупости на теренот, но и надвор од него.