Кирјос со генијален потег ја освои публиката во Хјустон (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос знае секогаш да направи некој интересен потег и да ја воодушеви публиката.

Кирјос во Хјустон играше против Иво Карловиќ на земјена подлога, но беше поразен со 6-3, 2-6 и 3-6. Сепак, во центар на внимание беше неговиот интересен потег во првиот сет, со кој атрактивно освои поен против Хрватот.