Кирјос призна: Немав друг избор, морав да одам на психијатар! (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е познат по своето лошо однесување на тениските терени, а доколку не беа тие сигурно ќе беше многу подобро пласиран од 37. позиција на АТП-листата.

Очигледно му се здосади да биде на насловните страни на светските медиуми поради однесувањето, па реши да оди на психијатар и да побара помош.

„Почнав да одам на состаноци со психијатар за да ми помогне. Немам што да кријам. Премногу тренирав и се борев со проблеми на теренот и надвор од него. Се чувствувам послободно и имам чувство дека ќе бидам подобар“, кажа Кирјос.

Австралиецот имаше многу жестоки испади во текот на кариерата, а често одбиваше и да ги продолжи натпреварите.