Кирјос: Не сте доволно интелигентни за да ме разберете!

Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос, познат по разните лудории во светскиот тенис жестоко распали во изминатиов период по низа негови колеги, меѓу кои и српската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, откако на „Адрија Тур“ се појави Ковид-19 и низа тенисери се заразија меѓу кои и најдобриот светски тенисер.

Кирјос не го поштеди Ѓоковиќ, ниту Димитров , Чориќ, а сега му одговори и на Доминик Тим, кој неодамна му врати на Австралиецот дека е лесно да се критикува, а но нелогично било тоа да е од човек кој не се погледнал себе и грешките од минатото. Ова беше повод Кирјос жестоко да распали.  

„За какви грешки? Знаеш ли за што зборуваш? Грешки како кршење рекет? Пцуење? Па тоа сите го прават. Никој од вас не е доволно интелигентен за да сфати за што зборувам. Јас барам сите да се одговорни. Ама излгеда Тием, Ѓоковиќ, Зверев мислат дека ова е шега, а двајца од нив се забавуваат како компири во ек на глобална пандемија. Луѓе губат животи, сакани, пријатели и овој Тием уште и ги брани нивните грешки. Вие дечки сте врвот на нашиот спорт“, рекол Кирјос.