Кирјос го прослави поразот на Ѓоковиќ: Медведев е робот! (ФОТО)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос на Твитер ја прослави победата на Данил Медведев против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Синсинати со 3-6, 6-3 и 6-3, па така испрати и провокација до Србинот, со кој не е во добри односи.

Кирјос, кој неодамна во финалето во Вашингтон го победи Медведев, го пофали Русинот поради победата против Ѓоковиќ.

„Медведев е робот. Чудо...“, напиша Кирјос.