Кирјос ги шокираше сите со неочекувана изјава за Ѓоковиќ

Ник Кирјос продолжи да изненадува со неговите изјави за медиумите. Тој сака да го критикува Новак Ѓоковиќ и често да го навредува, но овој пат тоа не го направи.

Во интервју за „Си-Ен-Ен“, контроверзниот тенисер го спореди Ѓоковиќ со најдобриот кошаркар во моментов, Леброн Џејмс.

„Ѓоковиќ е еден од лидерите на нашиот спорт. Тој е нашиот ‘Леброн Џејмс’ на начин на кој мора да биде пример за сите тенисери“, кажа Кирјос.

Кирјос зборуваше и за некои потези кои ги направи Ѓоковиќ за време на пандемијата поради што беше на удар на сите светски медиуми.

„Кога направи некои работи за време на пандемијата, едноставно тоа не беше вистинско време. Знам дека сите грешат и сите треба да преземат одговорност“, објасни контроверзниот тенисер.