Кирјос доби дебела казна поради глупирање без престан

Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло Ник Кирјос доби жестока казна и тоа од 113.000 долари поради глупирање без престан и недолично однесување.

Кирјос нема турнир на кој не направил некаков „инцидент“, па многумина се прашуваат зошто воопшто АТП му дозволува да настапува, иако според тениската умешност и игрите секако местото му е таму.

Австралиецот во последното време тотално збудале, па нема ден да не каже нешто контроверзно, да не скрши рекет, да не го „нападне“ судијата. Во Синсинати веќе продолжи со исто темпо на глупирање, како што цела година е центар на внимание. Сега влезе во вербален конфликт со судијата, скрши два рекети во тунелот, а дури и плукна кон главниот арбитар.

За сѐ, сега ќе плати дебела казна и тоа по осум точки. Четири од нив се за неспортско однесување, една за вербален конфликт со судијата...

Ако продолжи вака и се отвори нова истрага, следната казна може да биде уште поболна.